Министерката за образование и наука Весна Јаневска во однос на реакциите за концептот на гимназиско образование вели дека целта на новиот концепт е на прво место да дојдат афинитетите на учениците, а со тоа да се дојде и до подобар успех во македонското образование. Denesen
Во оваа концепција во центарот е поставен ученикот, неговите афинитети кон одредени предмети или кон одредени полиња, области кои ќе побудат кај него интерес и желба за учење.
Познато е дека, за жал, нашите ученици не покажуваат добри резултати на меѓународните, па и на домашните тестирања. Kanal5
На прво место ќе дојдат афинитетите на учениците, а со тоа и подобар успех.
Тоа е ставот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, искажан во интервју за „VOA“ за новиот Концепт за гимназиско образование. Netpress
Ние ќе подразмислиме и понатаму, со оглед на тоа дека сме должни да ги слушаме и стручната фела и учениците и родителите, ќе продолжиме да ја разработуваме Концепцијата.
Со тоа сакам да кажам дека на мое големо задоволство, иако тоа не значи дека ние нема да продолжиме да размислуваме, повторно од страна на учениците и одредени групи на родители добиваме и позитивни мислења. Mk