Илјадници граѓани денеска во Скопје се собраа на мирен протест изразувајќи ја својата поддршка за Фросина Кулакова и сите жртви од сообраќајни незгоди.
Под мотото „Кој е следен?“ утре во 17 часот, на булеварот „Партизански одреди“ кај Универзална сала, ќе се одржи протест поради жртвите на скопските сообраќајници.
Во Неготино денеска се одржа граѓански собир во знак на сочувство со родителите на трагично загинатата Фросина Кулакова, која завчера вечерта беше прегазена од 20-годишниот возач Васил Јованов.
Со палење свеќи и положување цвеќе, граѓаните и денеска и оддадоа почит нa Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена додека поминуваше пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје.