Директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, Каролина Симоновска, испрати јавно соопштение со кое на медиумите им забранува да се споменува нејзиното име и вели дека ќе ги преземе сите законски мерки ако некој ја спомеме во новинарски текст.
„Jавното соопштение на в.д. директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ Д-р Каролина Симоновска со кое забранува да се споменува нејзиното име, претставува форма на јавeн притисок насочен кон медиумите.
Директорката на Козле, Каролина Симоновска испрати катиљ ферман со кој забрани нејзиното име да се споменува во медиумите.
Во изјавата на в.д. директорката на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, д-р Каролина Симоновска во која таа забранува користење на нејзиното име и презиме во медиумите има многу елементи на закана кон новинарите и медиумите, сметаат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) осудувајќи ја ваквата нејзина постапка.