За улогата на нашата земја во регионот како крстопат за трансфер на природен гас и електрична енергија, за тековните и идните проекти со Грција, за новите можности што се отвораат за размена на искуства и помош за нас од искуството во Република Кипар, но и за глобалната енергетска ситуација, говори министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по нејзиното учество на 14-от Енергетски самит (Athens Energy Summit). Пораката дека иако сме мала држава, сепак сме важен крстопат и треба да бидеме поврзани со сите соседи за да се обезбеди енергетска стабилност, министерката Божиновска ја упати и за време на Самитот.
Енергетската безбедност, климатските промени и транзицијата кон поодржлива економија ќе бидат во фокусот на 14-от Енергетски самит (Athens Energy Summit) што денеска ќе се одржи во Атина, а на кој ќе учествува и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, јави дописничката на МИА од Атина.