Стојам на ставот дека треба да се најде системско решение, а тоа го гледам во безбеден град, безбедни автопати и тн. Ако успееме еден живот да спасиме, ние сме ја завршиле нашата мисија како политичари, рече Мицкоски.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во вторник изјави дека е добро што ќе има јавна расправа во Собранието за законски измени за зајакнување на безбедноста во сообраќајот, напоменувајќи дека како партија веќе работат на одредени предлог законски решенија, од кои едното се однесува на одземање на возилото како една од мерките за потешките случаи. Nezavisen
Имаме два конкретни предлога како партија.
Прво да има присутен полицаец пред и во секое училиште за време на одвивање на наставата и тој полицаец би се грижел за безбедноста на влезот во училиштето и на пешачките премини и секако за безбедноста на училиштето, гледајќи што се случува со некои инциденти во регионот. Press24