1 (12) ■ вести > македонија ■ 07-Feb 10:12 -> 07-Feb 13:16
.
.
.
.

РКЕ: ЕВН Хоме да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

  • Во ЕВН пристигнаа 1.385 поплаки за сметките за струја

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) информира дека (согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувач во краен случај, член 10 став 8 ), сите домаќинства кои добиле сметки за електрична енергија и имаат прв пат фактурирана потрошувачка во четврт блок, ЕВН Хоме е должен да ги корегира сметките за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди.

Високите сметки на електрична енергија во текот на зимата, кога е зголемена потрошувачката во речиси сите домови, им предизвикуваат големи главоболки на граѓаните во Северна Македонија.

2 (14) ■ вести > македонија > политика ■ 05-Feb 14:26 -> 07-Feb 13:42
.
.
.
.

Филков: Да се иницираат законски измени за проширување на листата на кривични дела против безбедноста во сообраќајот

  • Филков до идните судии и јавни обвинители: Како нова енергија во правосудството, можете и потребно е да направите многу!

Во контекст на актуелните случувања во однос на безбедноста во сообраќајот во нашата држава, Министерството за правда е фокусирано на утврдување на можни измени и дополнувања во законите, со кои ќе се придонесе за значително зајакнување на безбедноста во сообраќајот, изјави денеска министерот за правда Игор Филков на јавната расправа во Собранието.

Министерот за правда Игор Филков, присуствуваше на церемонијата по повод доделувањето на уверенија на VIII -та генерација слушатели кои ја завршија почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители . Посакувајќи им успех, министерот Филков во своето обраќање посочи дека стручното, етичкото постапување е повеќе од клучно во овие моменти кога сме соочени со предизвици и кога недовербата во правосудството е голема.

3 (28) ■ вести > македонија > хроника ■ 07-Feb 07:30 -> 07-Feb 13:42
.
.
.
.

Сведокот Трајковски: ,,Цитроенот” веднаш ми падна во очи, возеше 10 км на час

  • Сведокот Трајковски добил закани пред судењето за Вања и Панче: Ми се заканија да внимавам што зборувам, да не сум паднел во дупка!

  • Трајковски: Инспектор ме испрати во станот на таткото на Вања да проверам дали девојчето е сокриено во плакар

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочи сведокот Гоце Трајковски.

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше сведокот Гоце Трајковски.

Сведокот Гоце Трајковски на денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, истакна дека полициски инспектор му рекол да оди во станот на таткото на Вања, Александар, и да снима и да провери дали Вања е сокриена во плакар или во тоалет.

5 (4) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Feb 13:24 -> 07-Feb 13:33
.
.
.
.

ЗАЕДНО ДА НАЈДЕМЕ НОВИ ЧЛЕНОВИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ КОИ ЌЕ ОТКРИВААТ СУДИИ ШТО ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ФУНКЦИЈАТА Мицкоски повикува на консензус

  • Мицкоски ги повика сите пратеници да гласаат за распуштање на Судскиот совет

Очекував дека СДСМ ќе биде порационален во своите изјави, тоа што го прочитав за мене беше неочекувано, оти мислев дека еднаш ќе застанеме заедно и ќе имаме национален консензус, заеднички да работиме на промените, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан за коментар на ставот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче дека ВМРО-ДПМНЕ со реформата на Судскиот совет го партизира судството.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска од Велес ги повика сите парламентарни политички партии заеднички да работат на реформи во судството, по реакцијата на лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче за иницијативата за интерпелација на членовите на Судскиот совет.

7 (4) ■ вести > македонија ■ 07-Feb 12:03 -> 07-Feb 13:23
.
.
.
.

Тошковски: Ќе набавиме тестови за дрога за сообраќајната полиција, можност за трајно одземање на возило за безобѕирно возење

  • Тошковски ќе воведе тестови за дрога, одземање возила, автоматско санкционирање на нерегистрираните…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во своето обраќање на јавната расправа на тема „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот“ предложи неколку законски измени во законите кои ја регулираат оваа сфера со цел заштита на безбедноста на граѓаните во сообраќајот и ултимативно намалување на жртви во сообраќајни незгоди.

Министерот Панче Тошковски на денешната расправа за безбедноста на сообраќајот во Собранието најави драстични законски измени и ригорозни казни за да се смени, според него, недостигот на правна култура кај ѓраѓаните наспроти создавањето култура на неказнивост.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

172 (4) ■ бизнис > економија ■ 06-Feb 12:16 -> 06-Feb 13:08
.
.
.
.

ВИКТОР МИЗО ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТРЕБНИ СЕ НОВА СТРАТЕГИЈА И НОВ ПРИСТАП ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ВО ЗЕМЈАВА“

  • Виктор Мизо: Потребни се нова стратегија и нов пристап за привлекување странски инвеститори

Во најновото издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески гостин е м-р Виктор Мизо, генерален менаџер на „Костал Македонија“ ДОО Охрид, како и претседател на Советот за странски инвеститори и на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, тела при Стопанската комора, кој зборува за новиот пристап кој е потребен денес за привлекување странски инвеститори во нашата земја.

Генералниот менаџер на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, смета дека не е потребно само креирање нова стратегија, туку и генерирање нов пристап на размислување за тоа што треба и како треба да се направи за да се привлечат нови странски инвеститори во нашата земја, бидејќи ние сме мала држава, која денес има многу ограничени ресурси.

202 (6) ■ бизнис > економија ■ 05-Feb 12:14 -> 05-Feb 12:56
.
.
.
.

Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети

  • НАФТАТА ЌЕ ОДИ НАГОРЕ, А ЗА ХРАНАТА ИМА УБАВИ ВЕСТИ, СЕ ОЧЕКУВА СМИРУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ - НБМ ја намали основната камата на 5,35 отсто

Каматната стапка на благајничките записи се намалува за 0,2 п.п., останатите каматни стапки се непроменети, одлучи Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на вчерашната седница на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Благо намалување на основната камата на Народната банка, за 0,2 проценти поени, со што таа сега е на нивото од 5,35 проценти.