„Прв центар", скверот зад трговскиот центар „Капитол мол“ во општина Аеродром добива сосема нов и урбан лик.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, во организација на Министерството за локална самоуправа, денеска, ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација и реконструкција на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Општина Аеродром.