Две лица од селото Долно Јаболчиште, општина Чашка денеска се приведени откако во нивниот дом полицијата пронашла ловечки пушки „Бајкал“ и „Црвена Застава“, карабин „Хемерлес“, два оптички нишани за пушка, оружје за светлосна и звучна сигнализација, пиштол „ЦЗ- 99“, 146 куршуми различен калибар, 21 ловечки патрони, две рамки за пиштол, карабин „Црвена застава“- расклопен на делови и карабин без ознаки.
Во денешниот претрес во Чашка полицијата пронашла оружје, при што се уапсени двајца жители на Чашка.