Тој кој што не ги исполнува нема да биде предложен, вели Мицкоски на новинарско прашање за коментар за наводни реакции од странски амбасади за професионалноста на кандидатите за членови на Советот на АВМУ и нејзина политизација.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изрази загриженост поради изборот на кандидати за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Според нив, дел од избраните кандидати не ги исполнуваат формалните услови и имаат партиска позадина, што го доведува во прашање нивниот професионализам и независност. Press24
Утре, 12 февруари - среда, 120 пратеника имаат можност да ја напуштат ароганцијата и да гласаат за Законот на Левица, која џентлменски предлага ограничување на патните трошоци (да не е укинување, за да не се „навредат" останатите пратеници), посочи пратеничката и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска.
Пратениците ќе расправаат и по Предлог - одлуката за објавување јавен оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набавки, Предлог одлуката за разрешување на директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование, Предлогот за разрешување на директорот и заменик на директорот на Агенцијата за администрација и Предлог на одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Kanal5