Министерот за здравство Арбен Таравари најави можно спојување на четирите партии од коалицијата „Вреди“ во една партија после локалните избори во октомври годинава.
Во неделното за Радио слободна Европа (РСЕ) тој вели дека до локалните избори сигурно нема да има спојување на „Вреди“, но: „После локалните избори веќе сме размислувале и сме зборувале за тоа, можеби и може да се случи евентуално спојување на сите четири партии во една партија.“ За кандидати на „Вреди“ на локалните избори, Таравари вели дека се зборува и се прават анкети за некои имиња. Fokus