Еден од најголемите тенори на денешницата, но и врвен диригент, освојувачот на 12 Греми музички награди, Пласидо Доминго (83) , за првпат доаѓа во Скопје со премиерен и ексклузивен концерт на 14 март, 2025 година во арена „Борис Трајковски“, во организација на Прагма Продукција во копродукција со Македонска Опера и Балет . Неговиот репертоар вклучува повеќе од 150 улоги, достигнување кое не го направил ниту еден друг артист, со над 4,400 настапи, а потврда за неговиот уметнички статус е фактот што тој е почитуван диригент со повеќе од 600 настапи.
Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго на 14 март 2025 година ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“.