Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска престојува во официјална посета на Словенија, каде со највисоки воени почести беше пречекан од неговиот словенечки колега, министерот за одбрана Борут Сајовиц.
Во рамки на посетата, министерот Мисајловски, како што соопшти МО, остварил тет-а-тет средба со Сајовиц, по што се одржале разговори меѓу двете делегации, а бил потпишан и Планот за билатерална соработка меѓу двете земји за 2025 година.
Министерот за одбрана се осврнал и на словенечката поддршка во борбата со пожарите минатото лето при што нагласил дека таа е круна на соработката и дека „професионалноста на припадниците на словенечките вооружени сили, полиција и цивилна заштита и нивната пожртвуваност . . . е видена и неизмерно ценета“.
Како чин на благодарност, как што е наведено во соопштението, денеска во вилата Подрожник, Мисајловски ќе им додели признанија на припадниците на словенечката полиција, Армијата и на Словенската управа на заштита и решавање, кои беа активно вклучени во борбата со пожарите. Biznisvesti
Во Љубљана, Мисајловски ќе се сретне и со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, соопшти Министерството за одбрана.
По свечената церемонија во Министерството за одбрана, министрите Мисајловски и Сајовиц ќе имаат тет-а-тет средба, по што е предвиден состанок на двете делегации. Biznisvesti
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска престојува во официјална посета на Словенија, каде со највисоки воени почести беше пречекан од неговиот словенечки колега, министерот за одбрана Борут Сајовиц. Kanal5
По свечената церемонија во Министерството за одбрана, министрите Мисајловски и Сајовиц ќе имаат тет-а-тет средба, по што е предвиден состанок на двете делегации.
Во Љубљана ќе биде потпишан и Планот за билатерална соработка помеѓу двете земји за 2025 година. Sitel
Во рамките на официјалната посета на Словенија, министерот за одбрана Владо Мисајловски беше примен и од претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, со која разговараше за заокружувањето на интегративните процеси на земјава. Fokus
Претходно, во вилата Подрожник, Мисајловски на припадниците на словенечката полиција, војска и Управата за заштита и решавање заедно со градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов им врачија плакети и признанија за нивната пожртвуваност и професионалност.
„Навистина ми е драго што гледам херои пред мене и од срцето на мојата татковина, од името на Владата и од македонските граѓани ви благодарам од сè срце“, им порача Мисајловски. Kanal5
Во рамки на официјалната посета на Словенија, министерот за одбрана Владо Мисајловски се сретна со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар со која разговараше за заокружувањето на интегративните процеси на земјава.
Како што соопшти Министерството за одбрана, за време на средбата од претседателката Мусар беше потврдена јасната и недвосмислена поддршката за нашето членство во Европската Унија. Novamakedonija
Благодарност до сите припадници на словенечките сили од армијата, полицијата и управата за заштита и решавање, кои ни помогнаа во борбата со пожарите изминатото лето.
Во знак на почит и благодарност заедно со градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов доделивме плакети и признанија за нивната професионалност, пожуртвуваност и помош која дојде во најбрз можен рок, истакна Мисајловски. Denesen
Тој за време на разговорот истакна дека Европската Унија треба да направи исчекор во поглед на македонското членство.
Двајцата соговорници нагласија дека одбраната е составен дел од евроинтегративниот процес и дека само со целосна интеграција во Европската Унија, Западниот Балкан може да биде просперитен и стабилен. Kanal5
За време на средбата од страна на претседателката Мусар беше потврдена јасната и недвосмислена поддршката за нашето членство во Европската Унија.
Министерот Мисајловски изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од страна на Република Словенија и посочи дека меѓусебната соработка продолжува да се гради со искрени намери по нагорна линија. Kanal5
Воедно се потпиша и билатералниот договор кој опфаќа бројни активности.
Македонско – словенечката соработка е вистински пример за тоа како треба да соработуваат две земји кои имаат исти вредности и исти цели – стабилен регион, безбедно НАТО, порача министерот за одбрана. Denesen
Одложено дејство на уставни измени е рационален аргумент којшто би можел да биде поттик за Македонија да се интегрира, Бугарија да не блокира, а Европската Унија да го менаџира тој процес до конечната цел, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието Антонио Милошоски.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски оценува дека во Македонија постои оправдана разочараност од односот на ЕУ во поглед на нејзиното интегрирање.
Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција.
Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, учествува на 61. Минхенска безбедносна конференција.
Министерството за внатрешни работи информира дека од денеска Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно ново работно време.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.
По само седум дена откако беше избрана, Советот на јавните обвинители на Македонија денеска ќе треба да ја разгледа и констатира оставката на обвинителката Наташа Крстевска Цалева.
Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска треба да биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители.
Владата на утрешната седница ќе го анализира мислењето со предлог за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски.
Тоа што нема постапка против обвинителот и судијата врз кои Наќе Георгиев и Иџет Мемети влијаеле покажува дека Љупчо Коцевски е пулен на СДС, истакнува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Во рамките на посетата на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде две интервјуа за најголемиот австралиски јавен сервис SBS, на македонски и англиски јазик.