Власта требаше да се врати наназад неколку месеци и како репер да ги земе тие цени, а не овие покачени цени, истакна Лукаревска и порача наместо да се ограничува маржата само на 102 групи на производи, треба да се опфатат сите 238 групи на производи.
Потсети дека СДСМ предложи законски решенија за стабилизација на цените и намалување на сметките за струја кои веќе се поднесени во Собрание по итна постапка. Nezavisen
СДСМ има конкретни законски решенија за стабилизација на цените и намалување на сметките за струја кои веќе се поднесени во македонското Собрание по итна постапка.
Намалување на ДДВ за струјата на 5% струјата ќе донесе намалување на сметките за 13% веднаш! A1on
Дополнително со укинување на ДДВ за храна над 250 категории прехранбени производи ќе поевтинат веднаш што ќе значи директна заштеда за граѓаните од околу 2.000 денари месечно, појасни Лукаревска.
Според неа со севкупна примена на сетот мерки на СДСМ и Законот за нефер трговски практики ќе се дојде до намалување на цените за 30 проценти и од тие причини ги повика пратениците од сите парламентарни партии да ги поддржат овие законски измени. Sitel
Владата и парламентарното мнозинство веднаш да ги прифатат предлозите на СДСМ за намалување на ДДВ за струја и укинување на ДДВ за храна, повика денеска пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска и нагласи дека последната одлука на Владата да се ограничат маржите е задоцнета и половична. Sitel
Од овие причини, граѓаните нема да почувствуваат никаков ефект од овие половични и задоцнети мерки.
За жал Владата се покажува како слуга на големите бизнис интереси, наместо да се бори за доброто на граѓаните“. Libertas