Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија најосторо ги отфрла и ги демантира шпекулациите и, како што се наведува во соопштението, лажните наводи изнесени од страна на политичките партии СДСМ и ДУИ во последните неколку денови.
Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, во врска со наводите и шпекулациите во медиумите, се вели во соопштението, поврзани со решението на Управниот инспекторат, сака да ја информира јавноста за следните клучни точки:- Прво, опомени и забелешки за канцелариско и архивско работење на службите во Министерството не претставуваат скандал. Biznisvesti
Второ, станува збор за редовен и тековен инспекциски надзор Управниот инспекторат постапувал според редовна програма за работа и не станува збор за постапување по никаква пријава или наод за гршка во постапувањето.
Трето, забелешките на инспекторатот се однесуваат на пракса воведена во 2017 година Начинот на канцелариско и архивско работење во Министерството за животна средина е воспоставен уште во 2017 година и оттогаш непроменето се спроведува од сите министри кои раководеле со министерството – и од редовите на СДСМ и ДУИ. Mk