Владата соопшти дека ги проверила и ги отфрлила како неточни наводите изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Денешното доставување документи во Владата од страна на СДСМ како поткрепа на нивните сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата на првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, тој го оцени како обид да ја продолжат приказната и порача дека не може административна или архивска работа да се прикаже како голем скандал.
Скандалозно и истовремено комично е што Мицкоски за „пет минути“ ги проверил доказите кои СДСМ ги достави за Изет Меџити.
Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија најосторо ги отфрла и ги демантира шпекулациите и, како што се наведува во соопштението, лажните наводи изнесени од страна на политичките партии СДСМ и ДУИ во последните неколку денови.