Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта во рамки на унгарско-македонскиот владин самит ќе оствари средба со неговиот домаќин унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Унапредување на билатералните односи, трговската соработка, како и перспективите и предизвиците во процесот на нашата европска интеграција беа во фокусот на разговорите на средбата на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Унгарија Тимчо Муцунски и Петер Сијарто со која беше означен почетокот на владиниот самит на двете држави во Будимпешта, јави известувачот на МИА.
Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит што денеска и утре ќе се одржи во Република Унгарија.
Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и унгарскиот министер за надворешна политика и трговија Петер Сијарто попладнево во Будимпешта потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика.