Под засилен инспекциски надзор во однос на микробиолошките критериуми за безбедност на храната се и пратките со безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, каде во една пратка, со лабораториска анализа утврдено е присуство на аеробни бактерии.
За секоја од наредните пратки со изворска вода и безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, ќе се земаат лабораториски мостри за испитување на микроорганизми согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство. Libertas
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека ќе ги засили контролите на увозниот зеленчук и овошје за заштита од пестициди и ќе зема мостри од пратките со безалкохолни пијалаци кои доаѓаат од Косово. Netpress
„Поради добиен лабораториски наод позитивен на колиформни бактерии кај изворска минерална вода по потекло од Република Косово, спротивно на одредбите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на РМ“ бр. 184/20218), под засилен инспекциски надзор ставен е и увозот на сите пратки со изворска минерална вода од оваа земја“.
Агенцијата соопшти дека под лупа ќе бидат и сите пратки со безалкохолни пијалаци од Косово. Plusinfo
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го зголемува интензитетот на контроли. Kanal5