Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
67.04
18.99
0.00/1.11
4.00
2.76
0.69
204.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
4 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 259.2
Best clustering variants
4 0.99/0.01 2 259.2
Fokus

Во пресудата на Апелационен суд Скопје стои дека наведените околности со извршен детален опис на целокупната дијагноза на осудениот, доведени во корелација со фактот дека осудениот сѐ уште е на домашно лекување и третман и е под лекарски надзор претставуваат околности што ги немало кога се изрекувала пресудата и тие може да се категоризираат во групата околности кои би можеле да имаат влијание во однос на примената на институтот преиначување на правосилна пресуда без повторување.

Во контекст на сите овие околности, доведени во корелација и со околностите кои ги ценел судот при одмерувањето на видот и висината на казната, Кривичниот совет на овој суд утврди дека со изречената единствена казна затвор во траење од 5 – пет години, а по претходно утврдување на поединечните казни, доволно воспитно ќе се влијае врз осудениот, во иднина да не се јавува како сторител на вакви и слични кривични дела, а позитивно ќе се влијае и на планот на генералната превенција, со што ќе остварат целите на казнувањето, во смисла на член 32 од Кривичниот законик, стои во пресудата. Fokus