Со церемонија со високи почести пред претседателот на Собранието Африм Гаши пред зградата на законодавниот дом го пречека претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој престојува во официјална посета на земјава. Libertas
Како што најавуваат од собраниската прес-служба, Јандроковиќ ќе има тет-а-тет средба со Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија.
По средбата со Гаши, предвидени се разговори на делегациите на двете земји заедно со двајцата претседатели на парламентите. Alsat
Претседателот на хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ ќе се обрати пред пратениците во рамки на денешната 37-та седница.
Тој ќе се сретне и со Благица Ласовска, претседателка на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламентот на Република Хрватска и со членовите на групата. Biznisvesti