Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Примопредавање на должност командант на Командата за операции во кумановската касарна „Боро Менков“.
Мирче Ѓоргоски е новиот командант на Командата за операции.
Во своето обраќање началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, истакна да се биде на чело на оваа команда, која го зазема најважното место во одбраната на суверенитетот и интегритетот на татковината, е вистински предизвик, огромна привилегија и чест, но и огромна одговорност.
На досегашниот командант му изрази благодарност за неговото посветено и професионално командување и раководење со КО, истовремено изразувајќи уверување дека новопоставениот командант со своето искуство и војничка кариера ќе продолжи со успех да ја води КО. Генералот Емини во својот говор изрази благодарност до припадниците на КО за нивниот висок професионализам, труд, залагање и резултати, кои го направија да биде горд командант. Netpress
Врз основа на Укази на претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, должноста командант на КО од бригаден генерал Бесник Емини ја прими бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.
Бригадниот генерал Ѓоргоски досега ја извршуваше должноста началник на штаб во Командата за операции, а отсега ќе раководи со најголемата оперативна команда во Армијата, додека бригадниот генерал Бесник Емини кој беше на оваа должност од јуни 2021 година, во иднина ќе ја извршува должноста државен советник за политика и планирање во Директоратот за политика и планирање, кризен менаџмент и цивилно-воена соработка во Министерството за одбрана. Fokus
Генералот Ѓоргоски ја презема командата за операции во исклучително важен период.
Период којшто треба со успех да ја заокружи трансформацијата и модернизацијата на командата и единиците потчинети на неа, период кој подразбира излегување од комфорната зона и максимално посветување кон зајакнување на капацитетите и способностите на единицата. Novamakedonija
Период којшто треба со успех да ја заокружи трансформацијата и модернизацијата на командата и единиците потчинети на неа, период кој подразбира излегување од комфорната зона и максимално посветување кон зајакнување на капацитетите и способностите на единицата.
Период во којшто борбената готовност ќе се подигне на рамниште потребно за беспрекорно извршување на мисијата и поставените задачи период во кој мораме да ги апострофираме нашите силни страни, да ги адресираме нашите предизвик и да се подготвиме за променливата платформа на глобалната безбедност и предизвиците на 21 век- рече Лафчиски. Novamakedonija
Денеска во кумановската касарна „Боро Менков“ беше извршено примопредавање на командантската должност од досегашниот командант Бесник Емини и новиот Ѓоргоски. Novamakedonija
На воената свеченост пред припадниците на единиците се обрати началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски се заблагодари на досегашниот командант професионалното командување и раководење, истовремено изразувајќи уверување дека новопоставениот командант со своето искуство и војничка кариера ќе продолжи со успех да ја води Командата за операции.
Да се биде на чело на оваа команда е вистински предизвик, огромна привилегија и чест која носи огромна одговорност, затоа преку чинот на предавањето на военото знаме на новиот командант-бригадниот генерал Ѓоргоски ќе му ја доверам привилегијата, но во исто време и одговорноста за раководењето и командувањето со ова е исклучително важна команда. Kanal5
Период во којшто борбената готовност ќе се подигне на рамниште потребно за беспрекорно извршување на мисијата и поставените задачи период во кој мораме да ги апострофираме нашите силни страни, да ги адресираме нашите предизвик и да се подготвиме за променливата платформа на глобалната безбедност и предизвиците на 21 век- рече Лафчиски.
Како што истакна началникот на ГШ, целта останува-создавање на модерна агилна и технолошки напред на армија кога може ефективно да ја браните татковината и да придонесе за исполнување на обврските кои произлегуваат од членството во НАТО алијансата. Novamakedonija
Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот на прибирање на приходи во Буџетот, сузбивање на криминалот и заштита на граѓаните.
Соединетите Американски Држави се стратешки партнер на Република Северна Македонија, и ќе бидат силен поддржувач на политиките што ги спроведува Царинската управа (ЦУ), е клучната порака од посетата на амбасадорката на САД Ангела Агелер, директорката на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите Вирџинија Елиот и заменик шефот на Канцеларијата за билатерална воена соработка, Даниел Силвер на Царинската управа.
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на бензините се намалува од половина до еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 отсто.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за два денара и ќе чинат 70, односно 69,5 денари за литар.
Нови 49 судии низ државава беа избрани на денешната седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието.
Пред нас е важен период кога мораме да покажеме политичка волја, лидерство и посветеност за спроведување на сите овие реформи.
Мораме да покажеме политичка волја, лидерство и посветеност за спроведување на сите овие реформи, рече министерот за правда Игор Филков кој учествува на меѓународна конференција во Љубљана.