На 12 март – Европскиот ден за подигање на свеста за насилството врз лекарите и здравствените работници, Лекарската комора како и докторските комори ширум Европа, повикуваат на итна акција за справување со насилство со што се соочуваат здравствените професионалци и е присутно во здравствените установи, се наведува во денешното соопштение на Комората. Libertas
Во изминатата 2024 година, во Комората се пријавени само четири напади.
Во еден случај докторот е физички нападнат, во два случаи станува збор за вербален напад со закана за употреба на сила и во еден случај доктор е изложен на навреди на социјалните мрежи. Press24
Во писмената изјава на претседателот на Лекарската комора, професор доктор Калина Гривчева Старделова, се истакнува дека на овој ден ги повикуваат креаторите на политиките да преземат решителна акција за сузбивање на насилството врз здравствените работници и генерално во здравствените установи.
Тоа, како што се додава, преку имплементација во пракса на веќе донесените законски решенија за заштита од насилството, преземање подобрени безбедносни мерки во болниците, обука на здравствените работници за важноста на емпатијата во односот со пациентите, како и обука за начините за деескалација на конфликтот, психолошка поддршка на оние кои се соочиле со проблемот, како и кампања за подигнување на јавната свест за важноста од негување на однос на доверба меѓу пациентите и лекарите. Mk
Никој не треба да се плаши за својата безбедност додека пружа помош, ниту пак пациентите треба да се чувствуваат несигурно додека ја добиваат здравствената услуга што им е потребна.
Европскиот ден за подигање на свеста за насилството врз здравствените работници, служи како моќен потсетник дека насилството не треба да биде дел од работата на здравствените работници и не треба да биде присутно во здравствените установи, нагласува Гривчева Старделова. Kanal5
Речиси 70 проценти од нападите, воопшто не се пријавени, наведуваат од Лекарската комора.
Во писмената изјава на претседателот на Лекарската комора, професор доктор Калина Гривчева Старделова, се истакнува дека на овој ден ги повикуваат креаторите на политиките да преземат решителна акција за сузбивање на насилството врз здравствените работници и генерално во здравствените установи. Libertas
Европскиот ден за подигање на свеста за насилството врз здравствените работници, служи како моќен потсетник дека насилството не треба да биде дел од работата на здравствените работници и не треба да биде присутно во здравствените установи“, нагласува Гривчева Старделова.
Комората преку кампања на социјалните мрежи, годинава потсетува на важноста за негување на партнерски однос помеѓу докторите и пациентите, заснован на меѓусебно разбирање и почит, за што поддршка доби и од здруженија на пациенти. Skopjeinfo
Дијалогот помеѓу пациентите и лекарите е клучен, бидејќи многу од недоразбирањата произлегуваат од страв, незнаење или неправилна комуникација, пишува во соопштението.
На иницијатива и залагање на Лекарската комора, како што се додава, во 2023 година се направени измени на Кривичниот законик со што насилството врз здравствените работници е насилство кон службени лица и претставува кривично дело. Libertas
Со тоа, делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар при вршење на професионалните работни задачи, се кривични дела за што е предвидена казна – затвор.
Овие законски измени се во насока на демотивирање на избор на насилството, како начин за решавање на проблемите, потенцираат од Лекарската комора. Libertas