Траен мир во чии рамки новооткриените сили на науката и технологијата на човекот можат да се користат за да се подигне благосостојбата на човештвото до невидени височини е врвен заеднички интерес за чие постигнување и одржување треба да понудиме свежи перспективи, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова на отворањето на 12. Глобален форум во Баку. A1on
Ова е само дел од прашањата коишто ќе ги разгледуваме на годинашниов Глобален форум во Баку, кажа Сиљановска Давкова.
Таа цитираше дел од обраќањето на поранешниот државен секретар на САД, Кордел Хал, при врачувањето на Нобеловата награда за мир за неговата улога во основањето на ОН во кое тој потсетил дека клучното прашање за луѓето и за нациите е „дали тие доволно страдале и доволно научиле, за да ги отфрлат сомнежот, предрасудите и краткорочните и тесните интереси и да се обединат во унапредување на нивниот најголем заеднички интерес“. A1on
Верувам дека Глобалниот форум во Баку може да ни понуди свежи перспективи за тоа како да продолжиме да работиме во насока на постигнување и зачувување на тој врвен заеднички интерес, рече Сиљановска Давкова.
Таа попладне ќе се обрати на третиот форумски панел посветен на Пактот на иднината на Обединетите нации. Sitel
„Дали врз принципот pacta sunt servanda или принципот на моќта?
Дали освен судир на интереси, ние имаме и судир на вредности и реалности? 360stepeni
Дали можеме да ги разрешиме најголемите кризи и предизвици на нашето време без споделени правила?
Каков свет ќе им оставиме на младите и на идните генерации? 360stepeni