1 (9) ■ вести > македонија ■ 08-May 13:33 -> 08-May 13:56
.
.
.
.

По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација ги зголеми казните на дел од обвинетите во случајот „Ласкарци“

  • Апелација со построги казни за обвинетите во случајот „Ласкарци“ – сопственикот на „Дурмо турс“ доби 10 години затвор

Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во 2019 година во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени, додека делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, на начин што им ги зголеми казните затвор на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, обвинетиот Дурмиш Белули од четири на десет години, на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари од шест на десет години, и од пет на по седум години казна затвор на двајцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски.

Обвинетите во трагичниот случај „Ласкарци“ ќе одговараат со построги затворски казни, откако Апелациониот суд Скопје деновиве ја донесе второстепената пресуда со која делумно ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје, а ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите.

2 (32) ■ вести > македонија > политика ■ 06-May 13:55 -> 08-May 13:36
.
.
.
.

Филипче: Прашање на време е кога ќе се распадне владината коалиција

  • Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

  • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да се огради од наркодилерот Стојков и да се извини на јавноста за лошиот пример што им го дава на младите

  • Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани и да не ја политизира трагедијата

Владината коалиција е осудена на неуспех и прашање на време е кога ќе се распадне, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче во пресрет на локалните избори наесен во Северна Македонија,а по бранувањата во владините редови и напуштањето на коалицијата Вреди на министерот за здравство, Арбен Таравари.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат катастрофални резултати, имаат катастрофален начин на владеење.

Венко Филипче со тоа што молчи и не се оградува од наркодилерот Андон Стојков, им дава лош пример на младите.

Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието ќе го достави Законот за Кочани со кој се предвидува финансиски надоместок и поддршка за семејствата што загубија своите најблиски во трагедијата во Кочани.

4 (6) ■ вести > македонија ■ 08-May 13:15 -> 08-May 13:38
.
.
.
.

Родители на починатите во „Пулс“: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста

  • Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе одат и на меѓународни судови за да добијат вистинска правда

Родителите на трагично починатите деца во несреќата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, испратија писмена изјава до јавноста во која изразуваат длабока болка, но и заедничко и недвосмислено барање за целосна правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции.

Родителите на трагично починатите деца во несреќата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, испратија писмена изјава до јавноста во која изразуваат длабока болка, но и заедничко и недвосмислено барање за целосна правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции.

7 (11) ■ вести > македонија > хроника ■ 08-May 12:00 -> 08-May 12:45
.
.
.
.

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

  • Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е во исклучително важна фаза

Јавните обвинители кои работат на истрагата за пожарот во Кочани, во моментов сослушуваат сведоци и оштетени лица кои знаат нешто за настанот, во меѓувреме, исто така, се координираат со вешти лица во однос на истрагата, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред почетокот на седницата на Советот за јавни обвинители.

Јавните обвинители кои работат на истрагата за пожарот во Кочани, во моментов сослушуваат сведоци и оштетени лица кои знаат нешто за настанот, во меѓувреме, исто така, се координираат со вешти лица во однос на истрагата, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред почетокот на седницата на Советот за јавни обвинители.

10 (12) ■ вести > македонија ■ 08-May 09:42 -> 08-May 11:31
.
.
.
.

ДЗР: Медицинска опрема во вредност од 13 милиони евра „скапува“ во подрумите, меѓу неа и опрема за лечење на болни од рак

  • ДЗР: Недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра

Иако во изминатите три години е постигнат напредок во регионалната распределба на современата медицинска опрема и зголемување на бројот на здравствени услуги, дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи доволно, главно поради недостиг на стручен кадар и соодветни просторни услови, што влијае врз достапноста и квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на ниво на целата држава.

Недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра, покажува конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Искористеност на современата медицинска опрема“, што денеска го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР). Иако во изминатите три години е постигнат напредок во регионалната распределба на современата медицинска опрема и зголемување на бројот на здравствени услуги, се наведува во извештајот, дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи доволно, главно поради недостиг на стручен кадар и соодветни просторни услови, што влијае врз достапноста и квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на ниво на целата држава.

11 (83) ■ вести > свет ■ 06-May 11:30 -> 08-May 10:33
.
.
.
.

Пакистанскиот премиер жестоко и се закани на Индија

  • Доколку Индија и Пакистан употребат нуклеарно оружје ќе следи армагедон

  • Каде се наоѓа Кашмир и зошто е толку важен?

  • Трамп се надева дека нападите меѓу Индија и Пакистан брзо ќе запрат

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ѝ се обрати на нацијата откако Индија изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и Кашмир под пакистанска управа.

Индија и Пакистан се нуклеарни сили во актуелен судир, а секоја поседува околу 180 нуклеарни боеви глави.

Кашмир, хималајски регион на северот на индискиот потконтинент, повеќе од седумдесет години е едно од најнестабилните жаришта во светот.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека се надева оти тензиите меѓу Индија и Пакистан брзо ќе деескалираат, по вчерашните индиски напади врз цели во Пакистан, јави ДПА.

15 (10) ■ вести > македонија > политика ■ 06-May 09:25 -> 08-May 13:50
.
.
.
.

ЛЕВИЦА: Претседателот Апасиев со Симонов, член на Президиумот, се во посета на Москва на покана од Комунистичката партија на Русија

  • 📷 „НАШИТЕ ДЕДОВЦИ СЕ БОРЕА РАМО ДО РАМО СО ВАШИТЕ ДЕДОВЦИ ПРОТИВ ЗАЕДНИЧКИОТ НЕПРИЈАТЕЛ“ Апасиев одржа говор во Паркот на победата во Москва

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) Генадиј Зјуганов, претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев заедно со членот на Президиумот на Партијата, Александар Симонов, се во официјална посета на Руската Федерација по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот.

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) Генадиј Зјуганов, претседателот на Левица, Димитар Апасиев заедно со членот на Президиумот на Партијата, Александар Симонов, е во официјална посета на Руската Федерација по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот, информираше Левица преку соопштение.

Повеќе од
оваа категорија

23 (46) ■ спорт > фудбал ■ 06-May 19:27 -> 07-May 20:18
.
.
.
.

ФФМ: Време е конечно да расчистиме со „ѓубрето“ што со години го труе мак-фудбалот!

  • Ристовски: На Кожуф и Башкими ќе им се одземе дејноста спорт ако се потврдат сомнежите

  • ФФМ: Сцените од дуелот меѓу Кожуф и Башкими се срамни и неприфатливи

  • Башкими тврди дека мечот со Кожуф не бил наместен

Фудбалската федерација на (ФФМ) експресно се огласи со соопштение поради случувањата од денешното коло од Втората македонска фудбалска лига.

ФФМ најави дека ќе ја продолжи борбата за чист и фер-плеј спорт по големиот скандал кој денеска се случи во Гевгелија, а со тоа јасно најави жестоки казни за сите инволвирани во фудбалската „местенка“ која ја режираа Кожув и Башкими.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.

Голема врева се крена по вчерашниот натпревар меѓу Кожуф и Башкими, одигран во Гевгелија, а кој беше решен со сомнителен гол во 92. минута.

Повеќе од
оваа категорија

67 (9) ■ бизнис > македонија ■ 07-May 10:36 -> 08-May 10:00
.
.
.
.

Азески на средба со косовскиот колега за надминување на проблемот со задржување на македонски камиони со прехранбени производи

  • Косово без образложение задржува македонски камиони на граница, алармира Стопанската комора

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територија на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходните мерки и нормализирање на протокот.

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територија на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходните мерки и нормализирање на протокот.

71 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 12:51 -> 07-May 15:15
.
.
.
.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ Но, на земјата ѝ треба голем балансен енергетски капацитет

  • РКЕ: 55,72 проценти од енергетските капацитети во државава се од обновливи извори

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотоволтаичните електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија – вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Во извештајот се регистрира првпат поголема инсталирана моќност на фотонапонските електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија – вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

73 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 13:01 -> 07-May 14:17
.
.
.

Раст на трошоците на живот во април: 2.6% на годишно ниво, цените на мало пораснати за 2.7%

  • Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 %

Според Државниот завод за статистика, животните трошоци во април оваа година, споредено со април минатата година, покажуваат пораст од 2,6 %, а индексот на малопродажните цени забележува покачување од 2,7 %. Инфлацијата, измерена преку индексот на животните трошоци во април во споредба со март оваа година, е зголемена за 0,6 %. Порастот на инфлацијата е предизвикан од повисоките животни трошоци во следните категории: Транспорт со 5,1 %, Облека и обувки со 1,5 %, Рекреација и култура со 1,4 %, Мебел, предмети за домаќинство и одржување на домот со 0,5 %, Здравје со 0,4 % и Храна и безалкохолни пијалаци со 0,3 %. Намалување на животните трошоци е евидентирано во категориите Различни добра и услуги за 0,7 % и Алкохолни пијалаци, тутун и опојни средства за 0,1 %. Животните трошоци во категориите Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во изминатиот месец.

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало од 2.7 %, соопшти Државниот завод за статистика.