Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во соработка со Green Road ДОЕЛ, како и во консултација со Министерството за внатрешни работи, започнува со обемна активност за системско решавање и отстранување на хаварисаните/отпадни возила од јавните површини на територијата на општината. Kajgana
Согласно Законот за управување со дополнителните текови на отпад и член 63 од Законот за безбедност во сообраќајот, возилата кои ќе бидат евидентирани како отпадни и без регистарски таблички ќе бидат отстранети, доколку тоа не го стори сопственикот согласно дадениот рок од неколку денови, вели Ѓорѓиевски и додава: ОВА ОСОБЕНО ВАЖИ ЗА ОНИЕ ВО РАСАДНИК, КОИ ПАРКИНЗИТЕ ГИ КОРИСТАТ ЗА ПРЕПРОДАВАЊЕ НА ВОЗИЛА, КАКО АВТО ПЛАЦЕВИ!
Предвидени се и глоби за несовесните сопственици на хаварисани возила. Netpress