Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински, во рамки на „Каде што срцето е дома“ денеска ќе ја посетат општина Ѓорче Петров. Biznisvesti
— Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински, во рамки на „Каде што срцето е дома“ денеска ја посетија општина Ѓорче Петров, каде извршија увид на градежните активности на еден од седумте проекти кои Општината ги реализира со средства одобрени од првиот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти.
Како што информираше градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски, се работи за пробивање на целосно нова траса со должина од 180 метри која ќе ги поврзе улиците „Сремски фронт“ и „Социјалистичка зора“. Biznisvesti