Од името на Црвениот крст на Република Северна Македонија уште еднаш сакаме да изразиме длабоко сочувство и солидарност со семејствата на настраданите граѓани во стравичната несреќа која се случи во Кочани во утринските часови. Nezavisen
Возилата на Црвениот крст од програмата за санитетски транспорт се ставени во функција на институциите на системот.
Отворени се наменски телефонски линии за прва психолошка помош на броевите 071/338-081 во Кочани, 074/203-030 во Штип и 072/271-048 во Скопје кои ќе бидат во функција 24/7. Црвениот крст на РМ веќе е контактиран од страна на Меѓународниот комитет на Црвен крст и партнерски национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина и понудена е помош. Denesen
Црвениот крст на Република Северна Македонија со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите.
Нашата Организација ги стави во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош и материјална поддршка. Plusinfo
Црвениот крст на РСМ достави и помош во болницата во Кочани со ќебиња, постелнина и инвалидски колички.
Возилата на Црвениот крст од програмата за санитетски транспорт се ставени во функција на институциите на системот“, се вели во соопштението. Radiomof
Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства.
Ве повикуваме да делуваме заедно преку : Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани. Nezavisen