Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со трагичната несреќа што се случи утрово во Кочани, соопшти дека формирало кризен штаб кој редовно ја следи состојбата и координира со надлежните институции.
Како што наведуваат од МНРНТ, за сите информации, на располагање е дежурниот телефонски број 075/273-732.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со трагичната несреќа што се случи утрово во Кочани, соопшти дека формирало кризен штаб кој редовно ја следи состојбата и координира со надлежните институции. Biznisvesti
Како што наведуваат од МНРНТ, за сите информации, на располагање е дежурниот телефонски број 075/273-732. Libertas
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Со голема тага ја примивме веста дека што нашиот соиграч Петар Ивановски е еден од жртвите во синоќешната трагедија.
Кошаркарот на третолигашот Дино Баскет, Петар Ивановски, е меѓу жртвите кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката во Кочани, во која починаа 59 лица, а стотина се повредени.
Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани, двајца јавни обвинители од ОЈО Штип и пет јавни обвинители од ОЈО Скопје.
Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат: – 2 јавни обвинители од ОЈО Кочани – 2 јавни обвинители од ОЈО Штип – 5 јавни обвинители од ОЈО Скопје Синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, како и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација.
Нова трагедија денеска во Кочани.
Утрово Кочани и јавноста ја разбуди нова трагична вест за загуба на млад живот.
Студентите и професорите на Скопскиот универзитет денеска и во текот на целата недела ќе присуствуваат на организирани собири – Заеднички час, што точно напладне ќе се одржуваат на различни кампуси на УКИМ, за да изразат почит на жртвите во пожарот на концертот во Кочани и поддршка на нивните семејства.
Триесетгодишниот Тоше Богданов е една од жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а според неговите пријатели, во саботата излегол со пријателите да го прослави раѓањето на синот.
Најмалку 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани, а 155 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.