Студентите и професорите на Скопскиот универзитет денеска и во текот на целата недела ќе присуствуваат на организирани собири – Заеднички час, што точно напладне ќе се одржуваат на различни кампуси на УКИМ, за да изразат почит на жртвите во пожарот на концертот во Кочани и поддршка на нивните семејства. Libertas
Претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ Александар Николовски изјави дека Ректоратот на Скопскиот универзитет го прифатил нивното барање да им биде дозволено да отсуствуваат од настава и за тоа да немаат последици.
Имавме вонреден состанок на кој присуствуваа наши делегати, претседатели на студентските собранија на факултетите на УКИМ и студенти кои се активни во нашата организација и се договоривме да побараме прекин на редовната настава од денеска до петок, со тоа што од денеска до петок ќе организираме заедничка настава во вид на собири, секој ден во 12 часот, на разни кампуси на Универзитетот. Press24