Уште осум повредени треба да бидат пренесени во Хрватска и во Романија, информира директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Клековски синоќа информора дека во Клинички центар се хоспитализирани 20 повредени, во ГОБ 8 септември - 20, во „Свети Наум Охридски“ - 21,во Клиничка болница Штип - 20, Општата болница во Кочани седум и на Токсикологија - двајца. Sitel
Бројките се менуваат поради пренесување на повредените во други болници, потенцираше Клековски.
Тој нагласи дека пристигнатите во странство се стабилни. Faktor
Има пациенти и во приватните болници Аџибадем Систина и Жан Митрев.
Во странство се прифатени 44 повредени и тоа во Србија – 17, Бугарија – 14, Турција – девет и во Грција – четири. Libertas