Согласно чл. 21, ст. 1, ал. 4 од Законот за угостителската дејност („Службен весник на РМ“ бр. 62/2004), кој досега е менуван дури 15 пати, МВР дава согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир плус за безбедност во сообраќајот (паркинг и сл.). Но, покрај оваа изречна законска надлежност, Министерството, со кое раководи Панче Тошковски – во јавноста попознат и како адвокатот на урбаната мафија, има и дополнителни ингеренции за дискотеки и кабариња, и тоа: – проверка на работно време; – проверка на пиротехничките средства; – проверка на гласност и бучава; – проверка на присуство на малолетници (и точење алкохол); – проверка на наркотични супстанции и др. Така што, министре, и да не сте директно кабает со непосредна вина, во крајна линија имате политичка и правна одговорност за овој случај затоа што вие сте министер од јануари 2024, а фалш лиценцата е обновена во март 2024, што значи токму во времето на вашето министерување“, пишува Апасиев.