Изразуваме голeмо жалење и негодување што нашите колеги – студентски претставници на Филозофскиот факултет, кои видено не ги познаваат своите надлежности, ниту одговорности (а се бирани од своите студенти), ја узурпираа ситуацијата да изманипулираат искрени и чесни студентски грла во трагедијата која не’ снајде.
Согласно нормативните акти, студентско собрание на одреден факултет (пр. Правен, Филозофски), може да именува само двајца делегати во редовите на УСС согласно чл. 36 ст. 3 од ЗВО. Telma
Студентскиот сојуз на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје остро реагира на, како што велат, злоупотребата на трагедијата во Кочани од страна на Сојузот на студентите на Филозофскиот факултет. Netpress
Уште повеќе, ФСС на Филозофскиот факултет, се’ уште ги нема отповикано делегатите кои се претходно избрани (иако веќе ги преплавија медиумите за мало внимание „како изгласале недоверба“), туку напротив, истите делегати активно учествуваа на последната седница на УСС.
Бараме јавно извинување од страна на членовите на студентското собрание на Филозофскиот факултет, не кон ФСС-ПФ, Правен, УСС, УКИМ – туку кон сите нас, студентите, бидејќи го злоупотребуваат просторот со ширење лажни информации, кои за жал, се базираат на нивна правна лаичност. Telma