На интернет страната на Министерството за образование и наука има листа со телефонски контакти на 40 психолози, членови на Комората на психолози на Македонија, кои се постојано достапни за разговор, односно за психолошко советување.
На листата се наоѓаат и наменски телефонски линии за прва психолошка помош на Црвениот крст кои се во функција 24/7. Помош може да се побара и во центрите на Црвениот крст во секое време, како и во Центарот за ментално здравје во Кочани каде има претставници на Универзитетска клиника за психијатрија. Skopjeinfo
Активни биле и во текот на вчерашниот ден.
Останатите психолози денеска попладне ќе имаат специјализирана обука од страна на Комората на психолози, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ, по што од понеделник и тие ќе бидат распределени по образовните установи и други институции во општините кои се најмногу засегнати, но и ширум земјата. Kanal5
Знаеме дека бројот на стручни лица кои сакаат да помогнат во ситуацијата е голем.
И секако, треба и ги охрабрувам да излезат во пресрет на потребите на учениците, на родителите и наставниците и доколку ценат дека има потреба, да се обратат до министерството и Комората на психолози од каде ќе добијат попрецизни насоки каде се најпотребни и како да дејствуваат. Plusinfo
Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, професори од Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на психолози на Македонија и Црвениот крст, обезбеди зајакната психолошка поддршка за сите ученици во државата, која ќе биде поинтензивна во општините каде голем број млади, во несреќата во Кочани, загубија браќа, сестри, другари и соученици, информираше денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Press24
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на прес-конференција информираше дека по трагедијата во Кочани, Министерството во соработка со УНИЦЕФ, професори од Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на психолози на Македонија и Црвениот крст, обезбедиле посилна психолошка поддршка за сите ученици во државата, која ќе биде особено изразена во неколку засегнати општини, од каде млади, во несреќата загубија браќа, сестри, другари и соученици.
Веднаш по трагичните настани беа подготвени и испратени насоки до училиштата, наставниците и родителите за постапување во следниот период, односно за давање прва психолошка помош и психосоцијална поддршка во оваа кризна состојба. Kanal5
За поддршка на студентите, на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е отворен центар за младинско советување . Јаневска ги охрабри стручните лица кои сакаат да помогнат во ситуацијата да излезат во пресрет на потребите на учениците, на родителите и наставниците, додавајќи дека доколку им се потребни попрецизни насоки каде се најпотребни и како да делуваат, можат да се обратат до Министерството и до Комората на психолози.
Министерството за образование и наука, во рамки на надлежностите, и во следниот период ќе презема и координира активности кои можат да им бидат од помош на младите во справување со предизвиците, посочи Јаневска. Radiomof
Мораме да останеме обединети и да покажеме солидарност, обезбедувајќи ја сета неопходна помош, изјави Јаневска.
На новинарско прашање, таа појасни дека стручните лица се фокусирани на училиштата во кои има жртви, но и во другите училишта, каде се наоѓаат блиски на починатите. Kanal5
Работеле со учениците, но и со семејствата кои изгубија деца во несреќата.
Активни биле и во текот на вчерашниот ден. Kanal5
Комората ќе предолжи да организираме специјални обуки за постапување во кризни ситуации.
Тие протоколи во дел веќе и се доставени. Kanal5
Таа изрази голема благодарност до УНИЦЕФ, до Комората на психолози, професорите од Институтот за психологија на УКИМ и Црвениот крст, како и до сите поединци кои несебично помагаат во ситуацијата.
Сите сме потресени, но и сплотени во тагата. Kanal5
Во моментов 32 психолози веќе обезбедуваа директна поддршка на терен.
Работеле со учениците, но и со семејствата кои изгубија деца во несреќата. Kanal5
Поддршката ќе биде поинтензивна во општините каде голем број млади, во несреќата во Кочани, загубија браќа, сестри, другари и соученици, вели министерката за образование Весна Јаневска.
Во пожар во дискотеката во Кочани во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 190 беа повредени. Kanal5