Фудбалската репрезентација на Србија во Белград играше реванш меч од плејофот од Лигата на нации против селекцијата на Австрија.
На социјалните мрежи актуелно е видео со коментаторот на РТС, Александар Стојановиќ, кој не можеше да ги задржи емоциите пред почетокот на мечот, кога фудбалерите на двата тима со минута молчење им оддадоа почит на жртвите во големата трагедија која се случи во Кочани.