1 (9) ■ вести > свет ■ 29-Mar 07:55 -> 29-Mar 11:34
.
.
.
.

Рубио го потврди де факто распуштањето на УСАИД

  • Стејт департментот официјално го извести Конгресот дека го распушта УСАИД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потврди де факто распуштањето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) како дел од драстичното намалување на американската странска помош, одлука која е критикувана во многу земји и од голем број хуманитарни организации.

Стејт департментот во петокот официјално го извести Конгресот дека ја распушта американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и презема дел од нејзините функции, објави Си-ен-ен. Реорганизацијата ќе биде извршена до 1 јули, соопшти Стејт департментот.

8 (4) ■ вести > македонија > политика ■ 29-Mar 10:18 -> 29-Mar 11:25
.
.
.
.

„Европски фронт“ бара Советот на Европа да ја процени истрагата за трагедијата во Кочани

  • Пратеничката група на Европски фронт испрати писмо до Советот на Европа, бара експертска проценка за истрагата на трагедијата во Кочани

Пратеничката група на „Европски фронт“, предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до четири тела на Советот на Европа во кое бара итна експертска проценка на, како што велат, селективната правда по пожарот во т.н. кабаре во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени.

Пратеничката група (ПГ) на Европски фронт во Собранието испрати формално писмо до четири клучни тела на Советот на Европа, со кое бара итна експертска проценка на како што се наведува, селективната правда по трагедијата во дискотеката во Кочани, каде животот го загубија 59 млади лица.

Повеќе од
оваа категорија

13 (35) ■ спорт > фудбал ■ 27-Mar 08:40 -> 29-Mar 11:24
.
.
.
.

Ѓоковиќ: Му се восхитувам на Меси, првпат ме гледаше во живо

  • Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Му одзеде уште еден на Федерер

  • Меншик се мачеше, па го „збриша“ Филс за прво Мастерс полуфинале

  • Големо изненадување во Мајами – Ѓоковиќ доби неочекуван ривал во финалето! 

Новак Ѓоковиќ одигра одличен меч и со 2-0 во сетови го победи Григор Димитров за пласман во финалето на турнирот во Мајами каде што ќе води битка за својата 100-та тиула во кариерата.

Новак Ѓоковиќ продолжува да бележи победи на Мастерсот во Мајами и да поставуваат рекорди.

Чешкиот тенисер Јакуб Меншик се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Мајами, откако во два сетови го совлада Артур Филс, во сетови 7-6/ 5, 6-1. Меншик првиот брејк го направи во вториот гем, но Филс возврати во седмиот гем и сетот влезе во тај-брејк, во кој поуспешен беше Чехот со 7-5 Во вториот сет, 19-годишниот чешки играч го одигра можеби најдобриот тенис досега на турнирот.

Откако Новак Ѓоковиќ убедливо го елиминира Григор Димитров и влезе во финалето на Мастерсот во Мајами, во текот на ноќта се одигра и второто полуфинале во Флорида.

Повеќе од
оваа категорија