Имајќи ги предвид последните трагични случувања, како што посочуваат од Владата, целта е вршење почести контроли на сите иматели на лиценци, дозволи и одобренија односно овластувања.
Имајќи предвид дека се издаваат многу лиценци, одобренија, дозволи или овластувања од страна на Министерството за транспорт овие законски измени имаат за цел да предвидат законска обврска двапати годишно да се врши таа проверка на сите иматели на лиценци издадени согласно Закон. Libertas