Претседателката рече оти верува дека и покрај одредени недоразбирања, трансатлантската соработка, базирана на меѓународни правила и принципи ќе продолжи да биде темелот и гаранцијата на европската и евроатлантската безбедност и стабилност и оти ние ќе продолжиме да чекориме и дејствуваме во заедничката насока.
Претседателката на почетокот од обраќањето наведе дека петтата годишнина од нашето членство во НАТО ја одбележуваме во сенката на големата трагедија во Кочани, што потенцираше, на ужасен начин нѐ потсети дека безбедноста на граѓаните е една од основните задачи на државата. A1on
Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, на свеченоста по повод 5-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје, истакна дека нашето учество во Алијансата е и влог во Армијата, која го чува територијалниот интегритет и независноста на земјата. Mk
Укажа дека успешната битка за животот на повредените од страшната трагедија не беше можна без импресивната хуманост и солидарност на државите, народите и граѓаните од регионот, но и многу пошироко, како и од активираниот европски систем за цивилна заштита, но исто така и на НАТО за што сме им бескрајно благодарни.
Сиљановска Давкова истакна целта на постоењето на Алијансата се мирот и безбедноста на нејзините земји членки, но и во светот, оценувајќи дека низ децениите НАТО прерасна во стожер на северноатлантскиот и на европскиот безбедносен поредок како предуслов за мир и развој. Libertas
Мојата порака е да ја санционираме неодговорноста секогаш кога треба, да ги инспирираме младите, да ги задржиме, да возвратиме на помошта со помош, да изградиме подобар свет и дома и во соседството и надвор“.
Оваа порака вечерва ја упати претседателката Гордана Сиљановска Давкова во изјава на ТВ Канал 5 за време на донаторската вечер со телефонски јавувања за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани што се случи на 16 март и во кој загинаа 59 лица, а повеќе од 190 беа повредени. Denesen
Таа посочи дека најтешкиот дел од патот до НАТО беше изоден од самите воени и цивилни припадници на Армијата, кои преку макотрпни реформи, континуирани воени вежби и ризични мировни мисии стекнаа непроценливо искуство, но и голема заслужена почит од сојузниците.
За тоа рече дека сведочат бројните признанија за стручноста, компетентноста и пожртвуваноста на припадниците на Армијата од страна на нашите стратешки партнери и високи претставници на НАТО и оти не случајно, како врховна командантка на вооружените сили, се гордее со нашата Армија, како наш важен актер во НАТО. Libertas
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на одбележувањето на 5-годишнината од пристапувањето во НАТО, што се одржа во касарната „Илинден“ во Скопје. Press24
Да си ја чуваме Македонија, да се грижиме за безбедноста и стабилноста на регионот и пошироко, затоа што само така можеме да одиме напред, за подобар и попросперитетен живот, рече Мисајловски.
На свеченоста се обратија и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајот Сашко Лафчиски и командантот на здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Стјуарт Манч, а присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, претставници од воено–дипломатскиот кор во земјава и други гости. Nezavisen