Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на прес-конференција истакна дека активно се работи на процесот на репатријација на македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство.
„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Министерството за здравство и СОЗР активно работат на реализација на процесот на репатријација на македонските пациенти кои успешно го завршуваат болничкото лекување во странство“, рече Муцунски, додавајќи дека Министерството за здравство како надлежна институција изготвило детален медицински протокол со цел процесот да се спроведе навремено, безбедно и во најдобар интерес на пациентите и нивните семејства. Skopjeinfo
Тој повтори дека вчера беше успешно реализирано враќањето на еден пациент од Србија, по што денеска се очекува пристигнување на уште еден пациент од Грција и четворица пациенти од Мадрид, додека во наредните денови се очекува враќање на уште неколку пациенти од Белгија, Австрија, Хрватска и Србија.
Во наредниот период, посочи, фокусот ќе биде насочен кон безбедно враќање на пациентите, како и успешно завршување на лекувањето на оние кои се уште се останати во странство. Press24