Досегашниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој по трагедијата во дискотеката „Пулс“ си поднесе неотповиклива оставка, не успеа за приближно седум месеци да го заврши четиригодишниот мандат што го доби од граѓаните на Локалните избори во 2021 година.
Според членот 54 од Законот за локална самоуправа, по престанокот на мандатот на градоначалникот, членот на Советот на Општина Кочани што го заменува, во овој случај координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мирче Стојков, е должен за настанатата ситуација да го извести Министерството за локална самоуправа, кое пак понатаму, во рок од 15 дена, ја известува Владата.