Дваесет и двегодишен пациент кој беше повреден во пожарот во дискотеката во Кочани, а кој се лекуваше во Атина, вечерва се врати во државава. Plusinfo
Претходно, министерот за здравство Арбен Таравари изрази надеж дека по 24-часовен престој, откако ќе бидат направени токсиколошките испитувања, Ангел кој се врати од Атина ќе биде пуштен на домашно лекување.
Во текот на утрешниот ден, според најавите на надлежните, се очекува во земјава да пристигнат уште пациенти кои беа испратени на лекување во странство по пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени. Plusinfo