Во Кочани се случи една страшна трагедија која што целата нација ја стави во состојба на шок и сите ние треба да извлечеме поука како треба да делуваме понатаму за да се спречат вакви трагедии, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, кој во вечерва се вклучи во солидарната акција- Телетон „Канал 5 и Македонија за Кочани”.
Тоа е страшна трагедија која целата нација ја стави во состојба на шок и ние треба од тоа да извлечеме поука што треба и како треба да делуваме понатаму за да спречиме такви трагедии, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче во гостување на Донаторската вечер со телефонски јавувања за помош на настраданите во несреќата во Кочани што ја организираше ТВ Канал 5. Порача дека е исклучително важно да се биде до луѓето кои претрпеле големи загуби и да им се даде психолошка поддршка и добро е, рече, што Клиниката за психијатрија има амбуланти во Кочани за стручна помош на семејствата.
По најавата на лидерот од опозициската СДСМ Венко Филипче дека следната недела во Собранието ќе иницира лидерска средба по пожарот во Кочани, денеска од Владата велат дека кај нив нема стасано официјално барање, ниту пак иницицијатива од СДСМ, но дека Владата и премиерот се отворени за секаков предлог и иницијатива која има за цел да помогне.