Приведен е возачот што со моторно возило марка „голф“ возел со брзина од 173 километри на час на автопатот Гостивар-Тетово, каде дозволената брзина е 80 километри на час, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14:55 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кан наплатната станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле од слобода З.С. (29) од село Вруток кој возел со брзина од 173 километри на час“, Против З.С. ќе биде поднесена кривична пријава.
Вчера на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица „Гостивар“, полициски службеници го уапсиле 29-годишниот З.С. од гостиварското село Вруток.