Како што на собраниската седница образложи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов, на барање на студентите правото на оваа субвенција се надградува и за оние студенти кои досега не можеле да го остварат т.е. ќе важи и за постдипломци и студенти на интегрирани студии на државните и приватните универзитети, регистрирани индивидуални земјоделци и вработени со приходи до утврдената минимална плата.
Претседателот на студентската организација Николовски апелираше до сите пратеници да гласаат за донесување на измените на законот со цел, како што рече, „да се подигне студентскиот стандард за нови 4000 студенти“. Kanal5
Се работи за категориите студенти во редовен работен однос, индивидуални земјоделци или тие што студираат на втор циклус студии, кажа претседателот на УСС, Александар Николовски.
Според него, измените на Законот за субвенциониран студентски оброк ќе влезат во Законот за студентски стандард , кој што е во фаза на подготовка и во кој од УСС предложиле поволности и за студентски превоз. Telma