Лишен од слобода возач на „голф“, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка.
Во текот на вчерашниот ден околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Патишка река - село Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје.