Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на Делфи Економскиот Форум што се одржува во Грција, каде се обрати на панел-дискусија на тема: „Дали ЕУ – САД алијансата е надвор од поправка?“ Во своето обраќање, министерот се осврна на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, важноста на регионалната соработка, стабилноста на регионот, стратешкото партнерство во рамките на НАТО, како и на соработката со САД и трансатлантската поврзаност.
Грчкиот планински град со античко и историско значење Делфи од денеска до сабота ќе биде домаќин на јубилејниот десетти Економски форум, на кој најавени се над 1.000 говорници од 55 земји, меѓу кои и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој утре ќе учествува на панел-дискусија, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на маргините на Делфи економскиот форум во Грција, остварил средба со грчкиот колега Јоргос Герапетритис.