Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Гостивар, во содејство со Комисијата за оценување на исполнувањето на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, вчера по претходно добиена наредба од Основен суд Гостивар, извршиле претрес и вонредна контрола во правно лице кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, сопственост на А.К.(52) од Република Албанија и А.Р. од Босна и Херцеговина.
Претрес во фабрика за производство на канабис во медицински цели во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен поради констатирани неправилности, информира МВР.