Советникот Венко Крстевски од кандидатска листа поддржана група избирачи, најави дека е подготвен да ја извршува функцијата в.д. градоначалник по оставката на досегашниот градоначалник Љупчо Папазов, кој е осомничен и во притвор за пожарот во дискотеката Пулс во кој животот го загубија 61 лице, а околу 200 се повредени. Fokus
Исто така, во изминатиот период дал поддршка на сите граѓански протести и штрајкови, а се спротивставувал и на сите политики што не се во интерес на граѓаните, без разлика кој ја имал власта.
Крстевски е единствениот кандидат кој јавно искажал намера да биде в.д градоначалник на Кочани во следните шест месеци. Faktor