1 (30) ■ вести > македонија ■ 27-Nov 15:37 -> 27-Nov 21:57
.
.
.
.

Арсовска до Славески: Биди храбар Трајко – ја имаш мојата поддршка

  • Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

  • Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

  • Приватните превозници во Скопје и утре нема да возат

Бидејќи Трајко Славевски никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од мене – ја има, ова му го напиша доцна вечерва градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на претседателот на Град Скопје, откако претходно денеска приватните превозници преку член на Совет на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги.

Приватните превозници ги исклучија автобуси од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар.

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, вечерва на социјалната мрежа „Х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот и оти на потег е градоначалничката Данела Арсовска.

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите, изјави вечерва за МИА Јовица Зафировски, претставник на превозиците.

2 (74) ■ вести > свет ■ 26-Nov 10:22 -> 27-Nov 22:51
.
.
.
.

Кац: Израел нема да покаже толеранција за какво било прекршување на примирјето во Либан

  • Хамас е подготвен за прекин на огнот во Газа, по прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах

  • Израел: Убивме уште еден лидер на Хамас во Газа, снајперист кој се криеше во училиште

  • На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Израел бара од ОН ефикасно спроведување на договорот за прекин на огнот во Либан и ќе покаже „нула толеранција“ за секое негово прекршување, изјави денеска министерот за одбрана Израел Кац, пренесен од британските медиуми.

Хамас соопшти дека е „подготвен“ за примирје во Газа по прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах, пренесува АФП.

Непосредно пред планираниот почеток на прекин на огнот во војната против либанската милиција Хезболах, израелската војска денеска објави дека убила уште еден висок член на палестинската милитантна организација Хамас во Појасот Газа.

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах започна денеска.

4 (33) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Nov 10:07 -> 27-Nov 20:33
.
.
.
.

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, температура или анксиозност, вели Мицкоски и најавува „робусна акција“ за справување со корумпираните обвинители и судии

  • Седница на ЦО на СДСМ, ќе се комплетира раководството на партијата

  • СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

  • СДСМ: Апсурд од премиер – Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите, вели премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека е „жестоко разочаран од тоа што се случува“ и во периодот што следи најавува „робусна акција“ за справување, како што рече, ако треба и „на поинаков начин со тие корумпирани обвинители и судии“.

Во седиштето на СДСМ вечерва седница ќе одржи новоизбраниот Централен одбор на партијата, а според најавите на лидерот на партијата, ќе биде избран новиот Извршен одбор и потпретседателите на партијата.

СДСМ остро реагира на неодговорната и штетна одлука на Владата на Мицкоски да ги намали парите наменети за борба против загадувањето и обезбедување чист воздух.

Изјавите на Мицкоски за „деполитизирана и професионална администрација“ се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада.

8 (27) ■ вести > свет > еу ■ 27-Nov 10:12 -> 27-Nov 19:54
.
.
.
.

Фон дер Лајен: Европската унија мора брзо да ги зголеми трошоците за одбрана

  • Фон дер Лајен: Ќе ги поддржуваме кандидатите за членство на нивниот пат кон ЕУ се додека не бидат подготвени да ни се приклучат

  • Европратениците ја одобрија новата Европска комисија

Шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен денеска нагласи дека Европската унија мора брзо да ги зголеми трошоците за одбрана на ривалските руски нивоа, предупредувајќи дека блокот „нема време за губење“ додека беснее војна на нејзините граници.

Борбата за слобода „не поврзува како Европејци“ и таа е причината за постоењето на нашата Унија и денес станува нејзина движечка сила повеќе од кога било досега, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент во пресрет на денешното гласање за одобрување на новиот Колеџ на комесари.

Европскиот парламент денеска со 370 гласа „за“, 282 „против“ и 36 „воздржани“ го одобри изборот на новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен.

12 (45) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Nov 08:48 -> 27-Nov 08:41
.
.
.
.

(Видео) Филипче до Сиљановска: Огромен ризик е спојувањето на безбедносните агенции

  • Филипче: Не е точно дека унгарскиот кредит е со најниска камата, сме имале и 1,6% камати

  • Филипче: Многу отворени прашања за унгарскиот кредит, ние дававме кредити со многу пониски каматни стапки

  • Митева за средбата на Давкова и Филипче: Не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада, се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на средбата со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова изрази загриженост за ризикот од спојувањето на Агенцијата за национална безбедност со Агенцијата за разузнавање.

За кредитот од Унгарија сè уште има многу отворени прашања и не е точно дека е со историски најниска камата, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека има многу отворени прашања околу унгарскиот кредит и оти не е точно дека е со историски најниска каматна стапка.

Со оглед на фактот што станува збор за средба меѓу претседател на држава и претседател на опозицијата, јас не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада, се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор за насоките во кои што ќе се делува во иднина, изјави портпаролот на Владата, Марија Митева, прашана за став околу денешната средба на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

84 (4) ■ бизнис > економија ■ 27-Nov 15:36 -> 27-Nov 16:08
.
.
.

Започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ фондови за одржлива енергија, 5,2 милиони евра за енергетски реформи

  • ▷ 5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Активно работиме и посветени сме за достигнување на нашата цел – одржлив економски раст и енергетска независност на земјата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, на отворањето на пленарниот состанок на Секторската работна група за ИПА 3 – Прозорец 3: Зелена агенда и одржливо поврзување, со фокус на потсекторот Енергија, што денеска се одржа во свечената сала на Владата.

Денес, во свечената сала на Владата на Република Македонија, се одржа пленарниот состанок на Секторската работна група за ИПА 3 – Прозорец 3: Зелена агенда и одржливо поврзување, со фокус на потсекторот Енергија.