Неколкумина експерти од Англија и македонски доктори подготвуваат протокол за проценка на клиничката слика на повредените пациенти од пожарот во Кочани, објави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
Веќе имаме неколку експерти од Англија, кои заедно со нашите доктори подготвуваат евалуација, односно протокол, за да се процени тежината на клиничката слика по што ќе ги тријажираме пациентите, каде треба да продолжат да се третираат.