Од денес па до четврток, заедно со тим од Владата, заедно со тим од мојот кабинет, се наоѓаме во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во билатерална посета.
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е дел од високата делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски каде заедно со други владини претставници се во работна посета на Обединетите Арапски Емирати.
Очекувам плодни и успешни средби коишто ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој од денеска до четврток, заедно со владината делегација се наоѓа во билатерална посета во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). -Денот го започнавме со исклучително квалитетна и пријателска средба со Неговото височество, претседателот на ОАЕ и владетел на Абу Даби, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан.