Министерот Муцунски ќе учествува на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ што се одржува во Луксембург Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре престојува во работна посета на Луксембург, каде што, на покана на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија и потпретседателка на Европската комисија, г-ѓа Каја Калас, ќе учествува на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, во формат на министри за надворешни работи на земјите-членки и земјите од Западен Балкан. Kanal5